Проблеми за ЕХФ пред стартот на ЛШ: Одложен е дуелот помеѓу Пик Сегед и ПСЖ

Новата сезона во ракометната Лига на шампиони започнува утре, но ЕХФ мораше да одложи еден натпревар уште на стартот поради коронавирусот. 

Откако Пик Сегед вчера објави дека целиот тим заминува во карантин поради позитивен случај на Ковид-19, ЕХФ го одложи дуелот на унгарскиот тим со ПСЖ во рамки на 1.копо од Групата А во ЛШ.

Французите требаше да патуваат за Сегедин и да играат во четврток, но сега натпреварот ќе биде презакажан за друг слободен термин. Во оваа конкуренција се наоѓа и нашиот Вардар, кој со Пик Сегед треба да се сретне во рамки на 3.коло, што треба да се игра на 1 октомври во Унгарија.