Поранешните вардарки ја носат Франција кон првото европско злато!

Женската ракометна репрезентација на Франција се пласираше во финале на Европското првенство, откако денеска ја совладаа Холандија со 27-21 и во финалето ќе се борат против Русија, па тоа ќе биде голема шанса за поранешните вардарки да го освојат првото европско злато.

Поранешните вардарки Александра Лакрабер, Сираба Дембеле, Амандин Лејно, Алисон Пино и останатите француски репрезентативки ја растурија Холандија, иако во првото полувреме беше забележана израмнета игра, а на полувреме Франција замина со водство од 12-11.

Во второто полувреме Франција тргна пожестоко и постојано ја зголемуваше предност, која достигна и максимални +8 (25-17), но сепак во финишот Холандија го ублажи поразот на 21-27.

Најефикасна во редовите на Франција беше Естел Минко со шест постигнати гола, додека Дембеле постигна четири. А, кај Холандија најдобра беше Лоис Абинг со седум гола.

Па така, на Холандија ѝ остана борбата за трето место, во која што ќе се соочи со Романија.