
Популарни цени на билетите за историското финале меѓу Алкалоид и АЕК во Скопје
Билетите за реваншот од финалето во Европскиот куп, кое се игра на 25 мај во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе се продаваат по цена од 200 и 300 денари.
Продажбата на билетите ќе се реализира преку продажната мрежа на „МКТикетс“, а истата ќе почне в понеделник, 19 мај, во 13 часот.
Да потсетиме, првиот натпревар меѓу Алкалоид и АЕК се игра во Атина на 18 мај (недела) од 18 часот.