Почнува враќањето на Русија и Белорусија на светската ракометна сцена

Санкциите на спортските федерации кон Русија и Белорусија олабавуваат, сега тоа се случува и во ракометот.

Интернационалната ракометна федерација (ИХФ) испрати специјални покани до Русија и Белорусија за настап на Светско првенство за ракометарки до 16 години.

Русија и Белорусија последен пат беа дел од меѓународно натпреварување во 2022 година, а потоа следуваше суспензија поради војната во Украина.

Светското првенство за ракометарки до 16 години се игра во Мароко од 15 до 24 октомври.

Се очекува ова да биде само почеток на укинување на санкциите во ракометот за Русија и Белорусија. Наскоро би требало и сениорските тимови да бидат вклучени во сите натпреварувања.