Премиерлигаш притиска за Леао, Галатасарај може да извиси!
Се решава иднината на Рафаел Леао, откако вчера Галатасарај достави нова понуда вредна 45+5 милиони евра, истото го стори и Астон Вила.
Клубот од „Вила Парк“ се решил за малку необичен пристап, и на адреса на „росонерите“ доставил два предлога.
Првиот предлог е перманентен трансфер вреден околу 45 милиони евра, односно 42 милиони евра како фиксен дел, плус додатни 3 милиони евра во бонуси.
Вториот предлог е позајмица за која ќе бидат платени 8 милиони евра, како и обврска играчот во целост да биде купен за додатни 42 милиони евра, односно пакет од 50 милиони евра.
Сега Милан ќе треба да одлучи што ќе прифати, но и самиот Рафаел Леао, со оглед на тоа дека Галатасарај му нуди плата од 12 милиони евра по сезона, додека пак понудата на Астон Вила е околу 9 милиони евра по сезона.