Прилеп доби нов фудбалски клуб, ГФК Победа и ќе игра во трета лига!
Основачи на здружението се Робертино Илиоски, претседател, како и членовите Игор Стеванов, Роберт Талески, Валентин Колевски и Иванчо Младеноски.
Тренер на тимот ќе биде поранешниот фудбалер на Победа, Филип Мирчески, а за регрутација и работа со младинските категории ќе биде задолжен поранешниот фудбалер Тони Наумоски.
Клубот во почетокот ќе функционира преку донации и спонзорства, а се надеваат дека во иднина ќе имаат и помош од општината Прилеп.
Од ГФК Победа правно се оградуваат од фудбалскиот клуб Победа, од неговото минато и велат дека тие почнуваат како сосема нов клуб, тоа значи дека не ги преземаат долговите на ФК Победа.
Велат дека имаат искрена и чесна намера, нивната цел во блиска иднина ГФК Победа да стане член на Првата лига.
ГФК Победа ќе настапува на градскиот стадион во Прилеп, „Гоце Делчев“ и ќе се потруди да го врати во вистински сјај.