Ливерпул „детонира“ бомба - договори трансфер од ПСЖ вреден 140 милиони евра!
Преговорите меѓу двата европски гиганти значително напредувале во текот на ноќта, а според информациите од Франција, целокупниот трансфер може да достигне вредност од дури 140 милиони евра. На ПСЖ би му припаднале повеќе од 116 милиони евра како фиксно обесштетување, додека преостанатиот дел би зависел од бонусите предвидени во договорот. Двете страни сега ги договараат последните детали, по што треба да следуваат потписите на документите и официјалната потврда на трансферот.
Баркола подолго време бил високо на листата желби на клубот од „Енфилд“. Ливерпул во 23-годишниот Французин гледа фудбалер кој може да преземе голема улога во нападот по заминувањето на Мохамед Салах. Дополнително, самиот Баркола наводно јасно ставил до знаење дека сака кариерата да ја продолжи во Премиерлигата.
Неговата ситуација во Париз дополнително ја забрза приказната за трансферот. Французинот не сакал да го продолжи договорот со актуелниот европски шампион, по што Луис Енрике не го вклучил во составот за стартот на новата сезона во француското првенство. Баркола најдобро се снаоѓа на позицијата лево крило, но може без проблем да игра и на спротивната страна од нападот.
Доколку Баркола пристигне, тоа би можело да отвори простор за заминување на Коди Гакпо, за кого интерес покажуваат Тотнем и Манчестер Сити. Од друга страна, ПСЖ би можел веднаш да ги инвестира огромните средства од продажбата на Баркола во нови засилувања во самиот финиш на преодниот рок.