Урнебесна провокација од Хартс за Селтик: Победа во Австрија не е за секого (ФОТО)
Ривалството меѓу шкотските клубови повторно доби интересна епизода, овојпат надвор од теренот. Хартс преку социјалните мрежи испрати јасна порака до Селтик, користејќи ја ситуацијата за добро осмислена провокација откако синоќа на пенали го совлада Рапид во Виена и обезбеди пласман во главната фаза од Лигата Европа.
„Победа во плејоф меч во Австрија не е за секого“, напиша администраторот на социјалните мрежи на Хартс.
Алузијата е јасна - дебаклот што ден претходно го доживеа Селтик од ЛАСК во плејофот за Лигата на шампионите од кого загуби со 1-5 и доживеа елиминација и покрај тоа што во Австрија отпатува со предност од 3-0. Објавата брзо привлече внимание, а навивачите на Хартс ја поздравија креативноста на клубот. Наместо класична пресметка на теренот, Хартс реши да возврати со доза хумор и сарказам.