По 35 години - Црвена звезда и Динамо Загреб повторно еден против друг!?

Црвена звезда и Динамо Загреб би можеле да се соочат во Лигата на Европа, што би бил нивни прв меѓусебен дуел по 3,5 децении.

Можноста за голем регионален фудбалски дуел повторно е актуелна. Динамо Загреб испадна од Лигата на шампионите и продолжува во Лигата Европа, додека Црвена звезда ќе му се приклучи на натпреварувањето доколку ја зачува предноста од три гола против Викторија Плзењ.

Ако и српскиот шампион обезбеди место во Лигата на Европа, нема да има пречки двата клуба да се сретнат во ждрепката. Црвена звезда и Динамо Загреб би биле во вториот барабан, а интересно е што двата тима имаат идентичен коефициент на УЕФА – 46.500.Тоа значи дека потенцијалниот дуел меѓу двата некогаш големи југословенски ривали е сосема реална опција.

Последен пат Црвена звезда и Динамо се сретнаа во мај 1991 година на „Максимир“, но се уште во меморијата на љубителите на фудбалот на просторите на поранешна Југославија е неодиграниот меч една година претходно кога навивачите на Динамо се степаа со полицијата. Интересно е тоа што тогаш во главна улога беше фудбалерот на Динамо, Звонимир Бобан кој нападна полицаец, а сега е претседател на загрепскиот клуб.

Ждрепката за Лигата на Европа е закажана за утре кога ќе биде познато дали европскиот фудбал повторно ќе ги спои Белград и Загреб во еден од најочекуваните можни регионални дуели.