Соборен одбојкарскиот рекорд: Италија и Германија одиграа сет со 130 поени
Она што требаше да биде подготвителен натпревар прерасна во историски момент. Германија го освои првиот сет против Италија со неверојатни 66-64, резултат со кој е поставен нов светски рекорд по бројот на освоени поени во еден сет во ерата во која сетовите се играат до 25 поени, односно до 15 во тај-брејк.
Двата тима во првиот сет одиграа вкупно 130 поени, а драмата траеше околу час и половина. Иако и Италијанците и Германците имаа повеќе можности да го затворат сетот, никој долго време не успеваше да направи два поена разлика. Резултатот постепено се претвори во вистинска одбојкарска лудница. По секој освоен поен следеше нова шанса за едната или другата репрезентација, но решението пристигна дури при 66-64. Тогаш Германија успеа да освои два поени во низа и конечно да стави крај на маратонскиот сет.
Неверојатниот резултат е уште повпечатлив ако се знае дека претходниот светски рекорд изнесуваше 110 поени, односно сет добиен со 56-54 во јужнокорејската В-лига. Италијанскиот рекорд, пак, датираше од 2002 година, кога натпреварот меѓу Кунео и Тревизо донесе сет завршен со 54-52. Италија и Германија сега ја поместија светската граница за дури 20 поени.