Жалбата е примена, но одлуката останува: Рустемовски на третото место
Надлежните органи ја примиле жалбата, но таа сама по себе не значи промена на донесената одлука.
Според информациите, доколку при разгледувањето се утврди дека имало тенденциозна судиска грешка, можно е да биде поведена дисциплинска постапка против судиите, кои би можеле да бидат соодветно санкционирани. Сепак, во однос на натпреварувањето, одлуката засега останува иста. Тоа значи дека Рустемовски останува со бронзен медал и нема да биде дел од финалната борба.
Одлуката по поднесената жалба може да биде донесена во рок од две недели од поднесувањето. Македонската страна сега го очекува конечниот исход од постапката, но тој нема да има влијание за пласманот на нашиот боксер.
За македонскиот бокс останува освоеното трето место на Медитеранските игри, додека вниманието во следниот период ќе биде насочено кон тоа дали надлежните ќе утврдат пропусти во судењето и евентуално ќе преземат дисциплински мерки.