Не чекаа до следното лето: Барса го потпиша Ливаковиќ за - пари за кафе!

Хрватскиот репрезентативец, Доминик Ливаковиќ, е нов голман на Барселона успешно ги мина лекарските прегледи и потпиша договор со шпанскиот гигант до летото 2030 година.

Каталонците првично планираа да го доведат 31-годишниот чувар на мрежата следното лето, кога ќе му истечеше договорот на Војчех Шчесни, но реши да не чека и ја забрза целата операција. Неофицијално, Барселона на Фенербахче ќе му плати два милиони евра фиксна отштета, додека преку бонуси сумата може да достигне дополнителни два милиони евра. Каталонскиот клуб веќе го потврди трансферот преку социјалните мрежи.

„Уште поголема сигурност меѓу стативите. Добредојде, Ливаковиќ“, објави Барселона, со пораката: „Подготвен кога е потребно.“

Во официјалното соопштение Барселона детално го претстави патот на својот нов голман. Ливаковиќ ги минал младинските школи на Задар и Загреб, а во сезоната 2012/13 се приклучил на првиот тим на Загреб. Во Динамо пристигнал во сезоната 2016/17 и во седум сезони забележал 295 настапи, освојувајќи дури седум титули шампион на Хрватска. Во летото 2023 година се преселил во Фенербахче, каде што имал 74 настапи и на 24 натпревари ја зачувал мрежата без примен гол.

Тој е стандарден член на хрватската репрезентација од 2017 година, со која ги освои сребрениот медал на Светското првенство во Русија во 2018 година и бронзата на Мундијалот во Катар во 2022 година.