Охрид ја прегази Слога Добој, заверката на осминафиналето ќе биде формалност!

Македонскиот ракометен клуб, Охрид со убедливи 37-19 го победи тимот на Слога Добој, па реваншот во Босна и Херцеговина ќе биде само формалност за пласман во осминафиналето од Европскиот куп на ЕХФ.

Охрид уште во првото полувреме покажа дека е многу поквалитетен тим од противникот, првите 30 минути ги доби со двојно повеќе разлика, беше 16-8.

Во второто полувреме Охрид беше уште поубедлив, немилосно ја полнеше мрежата на босанскиот тим до конечни 37-19.

Најдобри стрелци во тимот на Охрид беа Стефан Петриќ и Дарко Ѓукиќ кои дадоа по осум гола, Томислав Јагуриновски постигна шест. Во составот на Слога најдобар беше Тодор Милисављевиќ со осум погодоци.

Реваншот е закажан на 22. ноември во Босна и Херцеговина.