Мајами го победи Вашингтон во историскиот НФЛ спектакл во Мадрид! (ВИДЕО)

Стадионот на Реал Мадрид, Бернабеу денеска беше домаќин на НФЛ натпревар, првпат во историјата на Шпанија, се сретнаа Мајами Делфинс и Вашингтон Командерс, публиката виде исклучително возбудлив натпревар кој беше решен во продолжение.

Мајами го доби мечот со 16-13 со филд гол во продолжение, откако во регуларниот тек натпреварот заврши 13-13.

Мечот не изобилуваше со многу поени, но имаше многу возбудлива завршница.

На две минути пред крајот, при резултат 13-13 Мајами имаше четврти обид за гол, но наместо со филд гол, се решија да одат на тач даун и погрешија.

Вашингтон доби шанса да ја искористи нивната тактичка грешка, стигнаа до центарот од игралиштето и се обидоа да победат до филд гол, но за малку промашија па мечот отиде во продолженија.

Во нив Мајами погоди филд гол и го доби мечот со 16-13.