Пријателскиот меч меѓу САД и Парагвај - не беше толку пријателски! (ВИДЕО)

САД и Парагвај играа пријателски фудбалски натпревар кој го добија Американците со 2-1, но она за што се зборува е една жестока тепачка меѓу фудбалерите во самиот финиш од мечот.

А тепачката почна детски, двајца фудбалери се влечеа за топката, настана нервоза, па речиси сите фудбалери и стручните штабови влегоа во тепачка.