Maкедонската фудбалска репрезентација денеска отпатува во Кардиф каде што ја чека битката со Велс за второто место во групата кое обезбедува подобра позиција во баражот.

Натпрееварот со Велс е закажан за во вторник во терминот од 20:45 часот. Со Велс веќе одигравме еден натпревар во овој циклус во Скопје и во него ремизиравме 1-1.

Македонијаа во натпреварот влегува од втората позиција со 13 бода, исто толку има Велс, но поради подобрата гол-разлка ние имаме предност, па ќе ни одговара и реми.

На првата позиција е Белгија со 15, Македонија теоретски има шанси и за првата позиција, меѓутоа не е реално да се очекува дека Белгијците во последното коло ќе загубат од Лихтенштајн кој е последен без бодови и без постигнат гол.