Србија со пресврт до триумф над Летонија, деби победа на Пауновиќ! (ВИДЕО)
Ова беше втор натпревар на селекторската функција за Вељко Пауновиќ и прва победа откако во претходниот меч загуби од Англија со 2-1.
Србија денеска славеше над Летонија, но тоа не беше едноставно како што се очекуваше, Летонците имаа водство по првото полувреме.
Летонија која пред некој ден во Скопје одигра без голови против Македонија, денеска во 12. минута со погодок на Гутковскис поведе со 1-0. Тоа беше и резултат од првиот дел.
По само четири минути игра во второто полувреме, нововлезениот Катаи го изедначи резултатот на 1-1.
Во 60. минута Станковиќ кој исто така влезе во второто полувреме постигна гол за комплетен пресврт и победа на Србија од 2-1.
Србија квалификациите ги заврши на третото место со 13 бодови од осум натпревари.
Фото: ЕПА