Англија ја победи Албанија за перфектен крај - осум победи без примен гол! (ВИДЕО)
Англичаните денеска со два гола на Хари Кејн во второто полувреме со 2-0 победија на гостувањето кај Албанија.
Со ова тие ги комплетираа перфектните квалификации за СП, не само што ги победија сите осум натпревари, туку тоа го направија и без примен гол.
Дополнително, Англија под водство на Тухел испиша лична историја, првпат победија на 11 натпревари по ред.
Во останатите денешни натпревари Франција со 3-1 славеше на гостински терен кај Азербејџан, Украина со 2-0 го совлада Исланд, а Србија со 2-1 ја победи Летонија.