Синер е машина, го одбрани трофејот во Торино - без загубен сет!
Синер покажа дека во овој момент е најдобар тенисер во светот, Италијанецот без загубен сет се прошета на завршниот турнир во Торино кој се смета за јагода на шлагот на сезоната.
Карлос Алкараз пружи сериозен отпор, но не можеше ниту да освои сет.
Во првиот сет двајцата тенисери беа перфектни на свој сервис, па тајбрејкот одлучуваше. Во него Синер беше подобар со 7-4 и поведе со 1-0.
Интересен беше вториот сет кој Алкараз го почна со брејк, имаше предност од 2-0 и 3-1, но Синер успеа да го врати загубениот сервис и израмни на 3-3.
Беше 6-5 за Синер, Алкараз сервираше за нов тајбрејк, но Шпанецот не успеа, италијанскиот тенисер зама нов брејк овојпат за 7-5 и победа од 2-0.
Оваа победа на Синер значи и дека тој на првото место на АТП листата ќе ја заврши годината.
Фото: ЕПА