
Официјално: Пелистер ќе игра во ракометната Лига на шампионите!
Пелистер сезонава дојдоа до шампионската круна, прва за битолчани после 18 години, па Македонија имаше едно место во групите кое го пополнуваат и повторно елитниот европски ракомет ќе се игра со македонски тим.
Најтрофејниот македонски клуб Вардар е двоен освојувач на Лигата на шампионите во 2017 и 2019 година, но поради долгови од минатото лани иако како првак имаше место, беше суспендиран од европската федерација ЕХФ, па првпат после долг период Македонија немаше клуб во елитното друштво.