„Неразбрани трговци, ние сме Македонци!“ (ФОТО)

Комити имаа подготвено богата програма за натпреварот Вардар - Веспрем, па не сам во првиот, туку и во вториот дел имаа што да порачаат.

Во првите минути од второто полувреме, Комити извадија парола посветена на Македонија и на нејзинето име.

„Чујте вие неразбрани трговци, ова е Македонија, ние сме Македонци“, напишаа навивачите на Вардар.

Потоа ја викнаа „Бисер балкански“ и ги повлекоа и останатите трибини, па екна целата сала.