Неагу со осум гола ја „потопи“ Полска за прв триумф на Романија

Женската ракометна репрезентација на Романија славеше со 28-24 против Полска во групата Д на ракометното Европско првенство (ЕП).

Полска одигра одлично прво полувреме кое го доби со солидни 15-11 и така ги стави Романките во тешка позиција пред вториот дел.

Меѓутоа, неверојатната Кристина Неагу беше фантастична и им помогна на нејзините сонароднички да направат огромен пресврт и да слават со 28-24 за прв триумф во групната фаза, по стартниот пораз од Германија (19-22).

Неагу беше најефикасна на мечот со осум постигнати голови, додека кај Полска најдобра беше Росијак со седум голови.

Во групата Д по два бода имаат Норвешка, Германија и Романија, додека Полска е без бодови.