Младите ракометари денеска го почнуваат настапот на Европското првенство

Младинската репрезентација на Македонија денеска го стартува настапот на Европското првенство во Целје, Словенија. Прв противник ни е селекцијата на Црна Гора.

Македонија и Црна Гора дуелот го почнуваат од 12 часот, а покрај овие две селекции во нашата група се и репрезентациите на Австрија и Хрватска.

24 селекции се поделени во шест групи. Победниците од групите заедно заедно со двете најдобро второпласирани репрезентации ќе се квалификуваат во Главната рунда во која ќе се формираат две групи.

Останатите четири второпласирани, заедно со најдобрите четири третопласирани ќе разигруваат за пласман од 9 до 16 место. И во овој сегмент ќе има две групи.

Останатите селекции ќе разигруваат за опстанок. И во оваа рунда како и во претходните две ќе бидат формирани две групи.

Распоред на натпреварите на Македонија:

10.07.23 Македонија - Црна Гора 12:00 часот
11.07.23 Македонија - Хрватска 12:00 часот
13.07.23 Македонија - Австрија 12:00 часот

Селекторот Раде Стојановиќ ги одбра ракометарите за денешниот меч против Црна Гора: