Млада навивачка напиша прекрасна песна за ЖРК Вардар!

Ракометарките на Вардар, повторно, не ги посака среќата во Лигата на шампиони против Ѓер и вторпат изгубија во големото финале, но навивачите не ги напуштија, па на социјалните мрежи можеа да се прочитаат голем број мотивациски пораки за Вардарки, кои и покрај поразот, остануваат шампионки за фановите, но и за цела Македонија.

Една од таквите навивачки е Нена Ангова, која исто така е млада ракометарка во ЖРК Струмица. Таа напиша порака до сите ракометарки на Вардар, во која вели дека тие се шампионки, без разлика на сè.

„Да си горд што си Македонец/ка, тоа е сè поради нашите спортски гордости! Јас сум горда на овие девојки, тие направија сè за нас, но и ние бевме овде за да ги поддржиме, Вардар е екипа, која се сака со срцето. Ни беа малку овие години, се навикнавме на вас, и кога се радувавме со вас, за жал на таа радост ѝ дојде крај. Станавме како семејство, но ова семејство ќе се раздели, ве најдовме многу доцна, а ве изгубивме прерано! Девојки, вие сте наши победници, а што ѝ да кажам, нема да ја опишам тагата која ја чувствувам, не само јас, туку цела Македонија! Колку и да ве тешиме, ние нема да се утешиме самите себеси! Да се навива за вас е големо задоволство, вие ни вративте на најдобриот начин, тоа беше победа!“, пишува младата Ангова.

Ангова одлучи да напише и песна за своите омилени ракометарки.

„Вардарки

На прекрасните години,
поминати со вас, им
дојде крај, но и на нас
ни е тешко, знај!

Ви благодариме за
сè што направивте за нас
и сакам да знаете, дека
Македонија
секогаш ќе е со вас!

Македонските лица,
заедно со вас се смеат,
но дојде и тој час,
кога почнаа солзите да се леат.

На никого не му е
оваа разделба лесна,
но со солзи во очите,
целата сала, ечеше со песна.

Со срце, за ВАРДАР!“