Митревски ја има петтата најдобра одбрана во осминафиналето на ЛШ (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Никола Митревски имаше одличен настап во триумфот на Порто против Алборг (32-29) бидејќи запиша 11 интервенции, а една од нив се најде во топ-5.

Македонецот ја доби петтата најдобра интервенција во плејофот, а пред него се Емил Нилсен, Никлас Ландин, Винсент Герард и Роланд Миклер.