Македонија „падна“ на ранг-листата на ЕХФ, но без последици за клубовите!

Македонскиот ракомет забележи пад за две места на годишната ранкинг-листа на Европската ракометна федерација (ЕХФ), според која се одредуваат учесниците во европските купови, но тоа нема да има последици врз бројката на наши екипи кои следната сезона ќе бидат дел од овие натпреварувања.

Административната елиминација на Вардар уште во осминафиналето од Лигата на шампионите поради пандемијата со коронавирусот, како и релативно полошите настапи на останатите македонски евро-претставници се причините поради кои македонскиот ракомет „падна“ на петтата позиција на Стариот континент. Сето ова го искористија тимовите од Шпанија и Унгарија, кои напредуваа на листата, додека Германија и Гранција останаа на првите две места со замена на лидерската позиција каде што сега се „панцирите“.

Ваквата промена на полошо нема да влијае врз бројот на македонски екипи кои ќе играат во Европа следната сезона, што значи дека Македонија исто како и годинава ќе има еден претставник во Лигата на шампионите и три во Европската лига на ЕХФ.