Баерн Минхен го демолира Лајпциг, Дијаз постигна хет-трик! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Баерн Минхен триумфираа против Лајпциг со 6-1 во шестото коло од Бундес лигата, а Луис Дијаз постигна хет-трик за победничкиот тим.

Баерн постигна по три погодоци во двете полувремиња. Најпрво во првите 45 минути стрелаа Дијаз, Павловиќ и Олисе со што гигантот стигна до предност од 3-0.

Во вториот дел продолжи голеадата, а Дијаз стигна до хет-трик, додека еден од погодоците беше дело на Кејн.

Во самата завршница Лајпциг постигна почесен погодок против Баерн преку Максимовиќ.