Прилеп беше лесен залак, Пелистер му даде 39 голови!
Ракометарите на Прилеп дадоа поголем отпор во првите 30 минути, иако на паузата имаа негатива од 14-20, додека Пелистер во вториот дел дополнително го засили темпото и го наполни голот на противникот (39-23).
Најефикасен во победничкиот тим беше Филип Кузмановски со девет голови, додека Димитар Димитриоски запиша пет погодоци за Прилеп.
Пелистер по седум одиграни меча има 13 освоени бодови во ракометната Суперлига.