Хет-трик на Ивановски, Пелистер го „нокаутира“ Осогово (ВИДЕО)

Пелистер оствари голема победа во пресметката против Осогово, а во триумфот блесна Иван Ивановски со хет-трик.

Првото полувреме помина без голови, но затоа битолчани се разиграа во вториот дел, па така Ивановски во 58. минута донесе предност од 1-0.

Пелистер го зададе вториот удар во завршницата, а повторно стрелец беше Ивановски. Додека истиот фудбалер го комплетира хет-трикот во судиското надополнување (3-0).

Екипата од Битола се наоѓа на делба на втората позиција со Работнички со по 18 бодови, додека Охрид е прв со еден поен повеќе.

Фото: Facebook/FC Pelister Bitola