Алкалоид го распарчи Ферлах и направи чекор кон следното коло во ЕХФ Купот (ФОТО)

Ракометарите на Алкалоид запишаа убедлива победа (31-22) против австриски Ферлах во првиот меч од второто коло во ЕХФ Купот.

Алкалоид доминираше од самиот старт на мечот и без проблеми ја тресеше мрежата на противникот кој се мачеше во нападот. Избраниците на Кире Лазаров во еден момент имаа предност од 14-8, додека на полувреме заминаа со „плус пет“ (16-11).

Идентично беше и во вториот дел, каде што Алкалоид повторно доминираше на теренот, а посебно го засили темпото во завршницата кога стигна до убедливиот триумф од 31-22.

Најефикасен во победничкиот тим беше Марко Митев со седум голови, додека Тони Перкушиќ запиша седум погодоци за Ферлах.

Реваншот меѓу Алкалоид и Ферлах се игра на 24 октомври во Виена.