Интер направи пресврт во Болоња и ја продолжи победничката серија!

Италијанскиот шампион Интер славеше на тешкото гостување кај Болоња со 3-1 во седмото коло од Серија А.

Побега во 10. минута ги шокира „нераѕурите“ откако погоди за водство од 1-0 на Болоња, но Интер се врати пред крајот на првото полувреме со погодокот на Турам.

Интер ги обезбеди трите бодови со пресврт во вториот дел, откако во листата на стрелци се запишаа Карлос Аугусто и Бони за конечни 3-1.

Интер е лидер во Серија А со 19 бодови, односно три поени повеќе од Лацио.

Фото: Facebook/Inter