Димитријевиќ блесна со 14 поени, Арис го прегази Маруси!

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра одличен натпревар за Арис, кој на домашен терен го совлада Маруси со 74-57 во третото коло од грчкиот шампионат.

Првата четвртина не понуди многу поени, а Арис имаше предност од 15-13, додека во вторите 10 минути домашниот тим го засили темпото и на паузата стигна до водство од 37-28.

Екипата на Димитријевиќ во вториот дел продолжи да доминира, па така на крајот запиша убедлива победа од 74-57.

Димитријевиќ одигра 17 минути, при што постигна 14 поени, три скокови и четири асистенции за Арис, додека најефикасен во победничкиот тим беше Морган со 22 поен, како и по еден скок и асистенција.

Фото: Facebook/ARIS B.C.