Нов европски предизвик за МЗТ: Аеродромци во Солун ќе ја бараат првата победа
„Штрковите“ ги загубија сите пет досегашни натпревари во групата, а со тоа и шансите за пласман на едно од првите две места кои водат во топ-16 фазата. Последниот пораз дојде на гостувањето кај Џики Варшава, каде што МЗТ беше убедливо совладан со 89-66. Претходно, МЗТ загуби и од АЕК Ларнака (69-85), Вирцбург (73-87), Тарту (92-95) и токму од Ираклис (59-64), во првиот меѓусебен дуел одигран во Скопје.
Сега предизвикот е уште потежок ако се земе предвид дека Ираклис има три победи и два порази, а во последните два натпревара забележа триумфи над АЕК Ларнака (81-64) и Миконос (95-64).
Дуелот за МЗТ ќе биде и генерална проба пред „вечното“ дерби против Работнички кое е на програмата в понеделник. Првиот меч против грчкиот тим покажа дека разликата во квалитет можеби и не е толку голема, па нашиот шампион ќе се обиде да ја спаси својата чест и да дојде до првата победа.
Терминот за натпреварот во салата „Иванофио“ во Солун е 18:30 часот.