Кошаркарките денеска во Букурешт ја почнуваат битката во претквалификациите за ЕП
Циклусот македонската репрезентација започнува со акцент на подмладувањето и создавањето на тим кој во наредниот период треба да ја врати Македонија во посериозна конкуренција.
Селекторот Петровски веќе ги избра и 12. кошаркарки на кои ќе смета за овој дуел и тоа се: Ана Милованова, Сања Адамовска, Сара Максимовска, Марија Митева, Катерина Поп-Димитровскa, Милица Николиќ, Теа Трајковска, Jана Пислевска, Јована Петрушевска, Глорија Груевска, Тијана Митрева и Цветанка Димова
Повратничката во националниот тим, Цветанка Димова очекува добра и борбена игра.
„Мило ми е што повторно сум дел од националниот тим. Имаме подмладен состав, со доста млади и мотивирани играчи, и мислам дека тоа ни носи свежина и енергија. Во пресрет на натпреварот со Романија, верувам дека ќе го дадеме максимумот и очекувам добра и борбена игра“, изјави Димова.
Натпреварот ќе се игра во салата „Поливалента Рапид“.