Џорџ им покажа среден прст на навивачите на Филаделфија, па ги замолкна со 36 поени! (ВИДЕО)
Џорџ одигра фантастичен натпревар против својот поранешен тим, постигнувајќи 36 поени со шест погодени тројки од 11 обиди. Посебно импресивен беше во последната четвртина, во која сам реализираше 14 поени и практично ги урна надежите на Филаделфија за евентуален пресврт.
По натпреварот откри што се случило и зошто реагирал на таков начин.
„Еден навивач се однесуваше како кретен. Топката се стркала до него, ме погледна директно во очи и ја спушти на подот, како да сум куче што треба да ја донесе, наместо нормално да ми ја подаде. Па, ете, и јас му возвратив со среден прст“, објасни Џорџ.
Неговиот настап имаше и посебна тежина поради начинот на кој замина од Филаделфија. Во текот на летото беше разменет во Бостон во трансакцијата во која Џејлен Браун го промени дресот и премина во спротивна насока. Џорџ по натпреварот зборуваше и за поголемата улога што ја добива во новата средина, нагласувајќи дека во Бостон добил можност да игра и да биде она што отсекогаш бил.
„Малку сум подобар кога имам поголема улога. Тоа не е критика за моите можности во Филаделфија. Искрено, не бев доволно здрав за да го дадам придонесот што го посакував. Во Бостон ми дадоа можност да излезам на теренот, да играм и да бидам свој“, изјави кошаркарот.
Бостон на крајот славеше убедливо со 123-101, а Џејсон Тејтум постигна 21 поен. Џејлен Браун, кој за првпат играше против поранешниот клуб, натпреварот го заврши со 13 поени, додека Тајрис Макси беше најдобар кај Филаделфија со 24 поени.