Бутел се бореше храбро, но го загуби првиот меч против Горица
Горица беше подобра во нападот во воведните минути, додека Бутел се мачеше да влезе во ритам, а тоа му дозволи на домаќинот да поведе со 11-6.
Бутел почна да се буди во завршницата на полувремето, па на паузата замина со негатива од еден гол (12-13).
Во вториот дел се водеше голема борба, а Бутел конечно фати ритам и поведе со 23-21. Сепак, грешките во продолжение од мечот беа скапо платени, а на крајот се радуваше Горица со 27-24.
Најефикасен во победничкиот тим беше Хрвоје Цековиќ со пет голови, додека Дамјан Субашевски, Петар Николовски и Кристијан Стаменковиќ постигнаа по четири погодоци за Бутел.
Реваншот меѓу екипите се игра на 24 октомври од 17 часот во Скопје.
Фото: Facebook/РК Бутел