Македонија денеска го игра најважниот натпревар на Европското првенство

Македонската женска ракометна репрезентација денеска од 20:30 часот го игра вториот натпревар на Европското првенство во Дебрецин, а противник ќе ни биде селекцијата на Турција.

Во првото коло Македонија стартуваше со убедлив пораз против големиот фаворит Шведска, но уште од самиот старт фокусот на сите во нашиот табор е ставен на денешниот дуел.

Селекторот Грчески во изјавата пред првенството посочи дека токму со Турција треба да ја бараме нашата шанса за победа и обезбедување на третото место, доколку до крајот на групната фаза нема изненадувања. Слично размислуваше и нашата најдобра ракометарка, Сара Ристовска.

Во вториот натпревар од денешната програма во нашата група денеска се соочуваат селекциите на Шведска и Унгарија, а тоа е дуел на две селекции кои посакуваат висок пласман на првенството. Турција првенството го стартуваше со пораз од Унгарките со шест разлика (24-30).

Кога се меѓусебните натпревари во прашање, Македонија нема позитивен биланс и во последните пет средби со Турција имаме само една победа. Единствената победа против денешниот противник ја остваривме во квалифкациите за Светското првенство во 2018 година (23:30).

На следните четири натпревари кои три беа од пријателски карактер и еден на Медитерансите игри во 2023 година славеше Турција.