Мајсторскиот гол на Дибиров го одбележа мечот против Кјелце (ВИДЕО)

Вардар повторно беше немоќен против полски Кјелце, откако загуби на гостувањето со 29-36, но натпреварот го одбележа мајсторскиот погодок на Тимур Дибиров на почетокот на натпреварот.

Дибиров погоди за водство од 5-2 на Вардар на стартот на мечот, а ЕХФ неговиот гол го објави на социјалните мрежи.