Лазаров: Среќен сум бидеjќи ова е прва европска победа за Алкалоид!

Македонскиот вицепрвак Алкалоид вечерва го запиша првиот триумф во Европската лига на ЕХФ, откако вечерва во Скопје ја надигра Ла Риоха од Шпанија со 28-27.

Тренерот на Алкалоид, Кире Лазаров кажа дека е среќен затоа што ова е историска победа за Алкалоид и најави дека во иднина се надева на уште подобри резултати затоа што клубот ги нуди сите потребни услови за напредок на ракометарите.

„Среќен сум бидејќи ова е историска победа за нашито тим. Честитки за моите играчи, честитки и до гостите за фер-плејот. Играв седум години во Шпанија и знам што значи Ла Риоха во државата. Знам многу ракометари од Европа и светот кои сакаа да одат и да учат во Шпанија. Ние ги направивме истите грешки како и претходно, промашивме неколку пенали и удари од шест метри. Меѓутоа ова е дебитантска сезона за многу ракометари во Европа и ова е одлично искуство за нас. Моите ракометари заслужија да победат еден меч. Мило ни е што публиката нè препозна како македонски проект. Сепак, мора да се работи понапорно во иднина за да бидеме поконкурентни во иднина“, кажа Лазаров.

Младиот ракометар Марко Митев кажа дека ова е големо искуство за него и ќе биде дополнителен мотив да напредува уште повеќе во иднина.

„Сакам да се заблагодарам на тимот од Шпанија за коректната игра. Сега сме фокусирани на нашето првенство и одиме на победа на сите останати натпревари. Ова значи многу за мене и за моите колеги за да се трудиме повеќе. Би се заблагодарил и на моите соиграчи кои помогнаа да оствариме голем успех“, кажа Митев.