Лазаров и Периќ помеѓу најдобрите голови во Европската лига (ВИДЕО)

Вчера се одигра второто коло во Европската лига на ЕХФ, а во традиционалниот избор на најдобри голови се најдоа Кирил Лазаров од Нант и Јосип Периќ од Еурофарм Пелистер. 

Нашиот капитен и селектор го има петтиот најатрактивен гол откако реализираше со „цепелин“ на дуелот против Лемго. Јосип Периќ пак е на второто место откако во последната секунда со својот „проектил“ му донесе бод на Еурофарм Пелистер на гостувањето кај Кадетен Шафхаузен.

Најатрактивните голови од 2.рунда во Европската лига можете да ги погледнете ТУКА.