Лазаров е вистински херој – даде гол во последни секунди за победа на Нант!

Капитенот на македонската репрезентацијата, Кире Лазаров, успеа да донесе важна победа за Нант на натпреварот против Сесон (29-28).

Лазаров беше фантастичен на дуелот за својата екипа во францускиот шампионат, па постигна дури девет погодоци и така ја продолжи серијата од триумфи на Нант.

Нант беше непријатно изненаден во дуелот против Сесон, кој даде голем притисок и имаше реми на неколку секунди пред крајот (28-28), но радоста им ја сруши токму Лазаров со гол на шест секунди до крајот на дуелот.