Лазаров добива нов тренер во Нант!?

Францускиот клуб Нант соопшти дека ќе се раздели со тренерот Тјери Анти, откако ќе му заврши договорот во 2020 година.

Анти бил важен дел од нивниот успех во последните десет години, а екипата на Кире Лазаров се разделува од тренерот затоа што има нов проект.

„За повеќе од 20 години, Нант водеше проект кој донесе многу успеси. Тјери Анти беше важен дел од нашиот успех во последните десет години, кој го однесе клубот на врвот во Европа, односно финалето во Лигата на шампиони минатата сезона. Денес, ние имаме проект за наредните 10 години и мора да се подготвиме за нов тренер. Поради тоа, ние нема да го продолжиме договорот со Анти, кој ќе си замине од екипата во 2020 година“, соопштија од Нант.