Лазаров броеше до четири: Нант можеше многу поубедливо да го преслуша Веспрем!

Ракометарите на Нант обезбедија сосема солидна предност по првиот четвртфинален меч проптив Веспрем (32-28), во кој еден од најзаслужните за успехот беше македонскиот 41-годишен ветеран, Кирил Лазаров.

Французите, сепак, долго ќе жалат за пропуштената шанса уште вечерва да го резервираат билетот за Ф4-турнирот во Келн, со оглед што во повеќе направи во второто полувреме имаа водство и со седум голови разлика. Унгарците, сепак, делумно се извадија на крајот и со серија 4-1 дојдоа на прифатливи за нив минус четири, кои секако се достижни на реваншот во нивната сала.

Македонскиот селектор и капитен постигна четири погодоци од девет обиди, од кои три беа реализирани во првото полувреме. Среќни за Лазаров и неговите соиграчи се покажаа и македонските судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, кои одлично ја делеа правдата на овој натпревар.