Кунг-фу одбраната на Митревски – најдобра во ЛШ (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски, првиот чивар на мрежата на Еурофарм Работник ја има најдобрата одбрана во третото коло во Лигата на шампионите во изворот на „ЕХФ ТВ“.

Митревски собра 13 интервенции за битолчани, но повторно македонскиот вицепрвак загуби по исто сценарио како и на претходните два меча во елитата – водеше, па на крај еден гол ги делеше од позитивен резултат. Овојпат Бидасоа Ирун беше клубот кој ги совлада со 26-25, па ако е за утеха, извонредниот настап на Митревски доби признание.

Во петте најдобри одбрани се одбраната на глманот на Мотор Запорожје во зицерот на Тимур Дибиров (петто место) и на Марин Шего за Монпелје во зицерот на Дејан Манасков за Веспрем (второ место).

Најдобрите одбрани во третото коло во ЛШ може да ги видите ТУКА.