Кумановки елиминирани од Купот на ЕХФ по вториот натпревар на домашен терен

Куманово вчера славеше со 27-23 против Славија Прага во рамки на првиот натпревар од првото квалификациско коло, но денеска на „реваншот“ повторно одигран во Македонија, нашите ракометарки загубија со седум голови разлика.

Ракометарките од Чешка денеска во Куманово славеа со 31-24. Во првото полувреме кумановки имаа негатива од само еден гол, но Славија разликата ја направи во вториот дел. Нашиот тим потклекна во финишот, бидејќи не постигна гол во последните 10 минути. Избраничките на Симе Симовски буквално застанаа на теренот при резултат 27-24. а Тоа го искористи Славија за да дојде до триумф од седум голови разлика и да мине во второто квалификациско коло.

Леонида Гичевска и Ангела Јанкуловски со по осум голови беа најефикасни во редовите на Куманово, додека Тереза Покорна со десет голови најмногу се истакна кај гостинките.