Крај на 16-годишната љубов: Кил се раздели со Јиха

Славниот чешки играч и стручњак Филип Јиха од синоќа не е тренер на Кил кој се раздели со него по една од најочајните сезони во историјата на клубот.

Поранешниот европски првак го освои шестото место во домашното првенство и не успеа да се пласира во ЕХФ куповите, а не ја освои ни титулата во Европската лига каде во финалето загуби од Мелсунген. Сето тоа ги натера челниците да ја прекинат соработката со легендатата на клубот и да бараат решение за новата сезона.

Со тоа заврши долгата љубов на Кил и Јиха кој во овој клуб помина 16 од последните 19 години. Дојде во 2007 од Лемго и таму играше осум сезони пред да се пресели во Барселона каде ја заврши играчката кариера. Потоа една година одмораше за во 2018 да се врати во Кил, една сезона како асистент и потоа седум како прв тренер. Освои три титули во германското првенство, две во Купот и три во Суперкупот на Германија и една во Лигата на шампионите.

Кил сега ќе бара нов тренер кој ќе биде само четврти за клубот во последните 33 години. Од 1993, на клупата на овој гигант биле само Звонимир Сердарушиќ (од 1993 до 2008), Алфред Гисласон (од 2008 до 2019) и Филип Јиха (од 2008 до 2019).