„Земјотрес“ во НБА: Јанис по 13 години си замина од Милвоки!
На тој начин ноќеска заврши големата сага, Милвоки и Мајами постигнаа договор за голема размена во која е вклучен и искусниот крилен центар Боби Портис кој исто така се сели на Флорида.
Во спротивна насока, заминуваат Тајлер Хиро, Келел Вер, Хаиме Хакез Џуниор и Каспарас Јакучионис, овогодинешниот 13. пик, како и значаен пакет идни избори на драфтот. Бакс ќе добијат незаштитени пикови од првата рунда на драфтот во 2031 и 2033 година, право на размена на пикови од првата рунда во 2030 година и пик од втората рунда во 2033 година.
Заминувањето на Адетокунбо означува крај на една ера во Милвоки, каде што тој прерасна во икона на франшизата каде играше 13 години и која ја водеше до титулата во НБА во 2021 година. Во исто време, Мајами добива играч околу кого веднаш може да гради шампионски амбиции, а Пет Рајли носи уште една мега ѕвезда, како што во минатото беа Леброн Џејмс, Шекил Онил, Алонзо Морнинг, Крис Бош итн.
Трејдот, кој веќе се нарекува еден од најголемите во последните години, би можела значително да го промени балансот на моќ во Источната конференција и да го врати Мајами меѓу главните претенденти за шампионски прстен.