Атлетико не го продава Алварез, ама му се налути и го избриша од социјалните мрежи (ФОТО)
Синоќа и аргентинскиот репрезентативец побара трансфер бидејќи по мечот против Австрија изјави дека е најдобро за сите да биде продаден летово. Неговиот договор со Атлетико е со важност до 2030 година со откупна клаузула од 500 милиони евра и мадридскиот клуб не сака да го продаде, но сепак стана очигледно дека изјавата не им се допаднала на челниците.
Најдобар доказ за тоа е објавата на социјалните мрежи од синоќа со која Атлетико им ја честита победата на Аргентинците од своите редови, но на фотографиите го нема Алварез кој играше во второто полувреме. Објавата е од доцна синоќа, кога веќе одекнаа зборовите на напаѓачот, дадени непосредно по завршувањето на натпреварот.
Интересно е тоа што Атлетико го најави тој меч токму со фотографија од Хулијан Алварез.