Се случи тоа од што сите стравуваа: Прекинат мечот меѓу Франција и Ирак

Натпреварот меѓу Франција и Ирак, во рамките на второто коло на Светското првенство во Филаделфија е прекинат на полувремето поради грмотевици.

Организаторите активираа протокол за безбедност по предупредувањето за бура, па стартот на второто полувреме е одложен за најмалку 30 минути со можност да биде целосно прекинат и доигран во друг термин. Според информациите од стадионот, играчите, службените лица, новинарите и дел од публиката мораа да се засолнат во заштитените зони и ходниците на стадионот додека не помине опасноста.

„На полувремето беше издадено предупредување за бура. Прекинот трае 30 минути, мора да се засолниме во ходниците заедно со публиката. Натпреварот треба да продолжи, според планот, со одредено одложување“, соопшти прес-зоната во Филаделфија.

Ова е безбедносна мерка што се воведува во вакви ситуации поради можноста за удари од гром во близина на стадионот. Постоеше можност натпреварот да биде прекинат на средина од играта, но сепак одложен е почетокот на второто полувреме додека организаторите не проценат дека условите се повторно безбедни за играчите, навивачите и сите што работат на стадионот.

Франција и Ирак затоа мораа да почекаат за да се вратат на теренот, а се очекува натпреварот да продолжи дури откако надлежните органи ќе дадат зелено светло. Уште пред два дена беше најавено дека е можно да дојде до прекин на овој меч поради прогнозите за невреме во Филаделфија.