Меси од денеска е крал на стрелците на Мундијалите! (ВИДЕО)
Имено, Аргентинецот од денеска е најдобриот стрелец во историјата на Мундијалите избивајќи осамен на врвот пред славниот германски голгетер, Мирослав Клосе кој застана 16, додека на третото место на вечната листа Бразилецот Роналдо со 15.
Закана за Меси е Килијан Мбапе кој на свои 27 години веќе има 14 гола колку и Герд Милер. Французинот и на овој Мундијал може да ги скокне легендите и да продолжи да го „брка“ Меси, но не треба да се заборави и дека има веројатно уште најмалку два-три Мундијали пред себе.